галеб (имн.) - мој (прид.)

Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Галебе мој, јас очи веќе немам. Не слетувај на моето срце!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Галебе мој, срцето не е мое: мини низ сите предели неминати, крај сите живи, непознати, загинати.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Галебе мој, не слетувај на моите очи. На тие брегови откинати ниеден пристан нема.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)