вујна (имн.) - ми (зам.)

Тогаш однекаде задишена пристигна и вујна ми Кола заедно со братучетки ми, Стојна и Мара, моите мили братучетки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Малку танго и ништо повеќе... – Во Солун, како дете, од вујна ми Клементина, Италијанката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вујна ми толку многу ги тепаше што мене ми беше жал да гледам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)