вреќа (имн.) - јаглен (имн.)

Еднаш на планина удрил некоја трудница која носела вреќа јаглен, па, среде улица побацила крваво, мртво бебе, а Кеиф излегол од колата, седнал на тротоарот и со стап брчкал по локвата крв; полицијата го испрашувала Аракнид и на крај ја уапсила жената заради кршење на Санитарните прописи. (...) Леиф Баксузот, Норвежанин, беше висок и слаб со кружно крпче околу едното око, со замрзнато лице и со постојана насмевка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многумина од бегалците се прекрстуваат кога стигнуваат на банкината оти Господ е голем и милозлив нема да ги остави без некој динар без некои нарамник дрва или без некоја вреќа јаглен оти по цел ден можеше или да се растовара или да се товара или да се мери или да се прередува покрај колосекот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Измислуваше катастрофални си­сте­ми за добивање пари во европските коцкарници и обложување на американските тркалишта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)