вреќа (имн.) - шеќер (имн.)

Денеска само Илија може да ме насмее, да ме распее, да ме облажи повеќе отколку што може една вреќа шеќер да облажи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Што сè не крена на својот грб, што сè не пренесе Сане Сандин: неброени товари дрва, денги брашно, грутки ќумур, вреќи шеќер, безброј кошеви и сандаци со сè и сешто, ползејќи кон ридиштата на градот, колнејќи ги удолниците што се спуштаа до адот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)