вреќа (имн.) - пиперка (имн.)

Со преполнетата вреќа пиперки, се истркалува на перонот пред мене, иако и јас итам кон дома, да стигнам на неделниот ручок: по кејот, па по „Илинденска“ до семафорите, потоа, по препознатливите сокачиња, што, гледајќи пред себе, ги минувам по навика, со забрзан чекор.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кјеркегор Можеби Чехов со право го советувал младиот писател Телешов кога му говорел дека патувањето со воз во III класа е вистинска шанса да се дојде до добри приказни, но за жал во целиот вагон на патничкиот воз „Горбачов“ освен мене имаше уште еден чичко, заспан врз вреќа пиперки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ама сега да ви докажам тоа што почнав. Таму во Свети Николе, од една продавница во моето маало се украде еднаш една вреќа пиперки и продавачот пријави во милицијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)