време (имн.) - отколку (сврз.)

Знаменитостите на милионскиот Брисел, кој е расположен на огромна површина, можат бргу да се разгледаат иако за нив треба да се оддели помалку време отколку за Изложбата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По малку тој замислено рече: Кога те слушам, почитуван пријателе, ми се наложува мислата дека балканските народи, во чии јазици се вкорениле ориентализмите кои тешко може да се откорнат можеби се во суштина многу поблиски до османската цивилизација и нејзиното време отколку што би сакале да бидат!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но каква врска има ова со ориентализмите, со односот кон нив кај балканските народи?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред да предложи да запрат со работата за тој ден, Камилски веднаш продолжи: Не можеше поинаку со инаетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Третирањето на поимот инает зазеде повеќе место и време отколку што очекуваше Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но љубовта повеќе се рони од времето отколку од љубовниците.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Прекодирањето на таквите равенки може да бара повеќе време отколку го има предвиденото траење на вселената.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Меѓутоа, генерацијата југословенски амбасадори која заминуваше во 80-те години на минатиот век на највисоките дипломатски мисии и на која припаѓав со своите четириесетина години, заминуваше кога сите идеали врз кои почиваше федерацијата, со исчезнувањето на нејзиниот творец Јосип Броз Тито, тивко се губеа, остануваше само по некоја трошка од тие идеали, која најмногу се откриваше во неврзаните земји, кои веруваа повеќе во Југославија во тие времиња отколку самите нејзини жители во неа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прекодирањето на таквите равенки во некои случаи бара повеќе време отколку што е претпоставеното траење на космосот и затоа таквите проблеми засега се нерешливи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)