време (имн.) - толку (прил.)

Ни на сон не ќе можев да поверувам тогаш дека за сосема кусо време толку многу ќе пропатувам и ќе видам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не бев ни свесна дека времето толку брзо минало.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бев во Париз, со мајка ми, бевме во Турција лани на летување сите четворица, отидовме есента со татко ми и мајка ми во Атина, а сега, пред неколку дена, се вратив од Лондон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Притоа, таа „зачудност“ се развива низ разни степени, од едноставни ненадејни контрасти до шокантни конструкции на нешто монструозно; токму како во ликовните уметности. (...) Затоа и не е никакво чудо што во кончетистичкото време толку силно цутат драмите и романите на стравот и ужасот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не возбодувај се цело време толку многу.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Татко ми, впрочем како придојденик во градот, без рода и блиски, ако се исклучат козите, тие туѓи организми во семејството кои со времето толку соживејаа и станаа дел од него имајќи го на ум брат ми партиец, сметаше дека не е толку мудро да се мешаме во политиката на домородците, зашто и кога ќе имаме право за некоја работа, тешко сите да ни поверуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, бела песна, во исто време толку блиска и позната, а сепак недофатна, таинствена, далечна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)