време (имн.) - таму (прил.)

Со еден збор, се гледа дека тој допатувал без предупредување, вчера околу седум часот вечерта, но сѐ било подредено, бидејќи економката целото тоа време таму си живеела.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Истрпев уште некое време таму, па ја напуштив работата, односно и тие ми ставија до знаење дека не сум им потребна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А по некое време таму некаде далеку грмнува и, кратко потоа, фучење и трештат топовски гранати. А потоа јуриш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стои долго време таму, а после се враќа и седнува на кревет.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Разбра и која е субашицата во харемот на кадијата; кој е евнухот кај каданите, што прават и каде живеат тие, колкава е заштитата ноќно време таму, и сѐ што му требаше за еден напад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не верувам дека во тоа време таму бил бај Шишко.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)