време (имн.) - сѐ (прил.)

Втората од овие две помалку тажни љубовни истории, која единствена има несреќно среќен крај, но која врз себе носи два завојувачки печати, српски и бугарски, се случи набрзо по убиството на Ристана Голушкоска и на Видана Јанчески, во пролетта 1944 година, во време стрижење овци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Времињата сѐ уште беа диви а Комитетот стоеше над сѐ и над сите во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Некако во последно време сѐ поретко ме дочекува пред прагот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Животот во воено време Сѐ уште не му беше јасно зошто во овој миг чекори како што чекори и не умееше да си објасни каде оди со толкава сигурност во нозете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Негова непосредна задача беше да тепа време сѐ додека не поверува дека би можел да се прибере во хотелот, малку да почита лижејќи и овој неуспешен ден да го одвали во минатото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ова со авторите го земав како пример затоа што во последно време сѐ повеќе сме соочени со податоци кои зборуваат дека има многу писатели на драмски дела и многу малку читатели на истите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Си легна уморна, а имаш време сѐ да видиш и сѐ да засакаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Прашањето гласи: „Имаш ли дечко”?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, сево ова е ништо наспроти едно прашање што во последно време сѐ почесто ми го поставуваат божем на мајтап, ама сепак сериозно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Времето сѐ има избришано... - Да... – реков одолговлечено. – А ние сакаме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И на часовникот не гледам. Имам впечаток дека времето сѐ повеќе се смрачува, дека нѐ враќа назад.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како што гледате, времево сѐ повеќе заладува. Горе е паднат и снег.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но сите сме некако скиселени: работата во последно време сѐ полошо оди.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Оваа насока на размислување во последно време сѐ повеќе се критикува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)