време (имн.) - перманентно (прил.)

Исто 283 така, збунувачки делува и фактот што работодавачот ја исплатува потребната сума на банкарската сметка на адвокатот – којшто, откако си задржува онолку колку што е потребно за себе, преостанатата сума ја исплаќа на сметката на тужителката!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2.  Од почетокот на транзицијата до денес – временскиот период за кој може да се склучи договорот за вработување на определено време перманентно и сукцесивно беше продолжуван: од една година, како што изнесуваше на почетокот (1993), тој се зголеми на три (од 2003), па на четири (од 2005) – за да, на крајот, по првата измена и дополнување на најновиот ЗРО, онаа од август 2008, стигне дури до пет години!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Триманова – која во моментов води и друг спор против истиот работодавач, но сега по друг правен основ и со нов адвокат (Д. Чакаровска), е за одбележување затоа што укажува на потребата работниците да немаат безрезервна верба во своите полномошници-адвокати, и почесто да се интересираат за текот на спорот и за начинот на нивно застапување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)