време (имн.) - најмногу (прил.)

Полифоната судбина на Цариград во бескрајот на времето најмногу го доближуваше и до тајните на својот идентитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во ова време најмногу се учи од историјата која вжештено тече во Цариград, во време кога се судираат две цивилизации и на повидок е нешто трето, за кое треба да се избориме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од сликарите, времето најмногу го потврди Макс Бекман (којшто токму во изминатата и оваа година имаше неколку бележити ретроспективни изложби низ светот), но тука е и незаобиколното историско значење на уметничките групи „Мост”, „Синиот јавач” и „Нова сецесија”, кои околу себе обединуваа мнозина важни сликари (Нолде, Кирхнер, Кандински, Кле, Грос, Дикс...).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Фер би било да се предупредат, дури и најблагонаклонетите читатели, дека овде има некои дозлабога здодевни, почетнички и деликвентни пасуси, а во исто време најмногу што можам да се надевам е дека, иако претенциозни, приглупи и необмислени, како што сега изгледаат (а и тогаш), овие приказни, со сиот свој невоедначен тек, сепак ќе бидат од корист како илустрација на типичните почетнички проблеми при пишувањето прозна фикција, и предупредување за некои пропусти што помладите писатели веројатно би сакале да ги одбегнат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)