време (имн.) - надвор (прил.)

Тие повозрасните братучеди од семејството имаа право навечер, после прикажување на филмот, да останат уште некое време надвор, а ние помалите моравме веднаш да си одиме дома.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А за тоа време надвор, по земјата и над неа постојат сите оние прекрасни бои на ултравиолетовите и х-зраците.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Петок, 16.30 Ги голтаме малите ронливи другарчиња, а времето надвор како да го Екстази означува почетокот на летото. Гулапчиња, за секого по едно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние ги објавуваме белешките водени за време на нивното искуство - и последиците од него
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во ателјето, на објекти, големите врати се затворени, а ние се наоѓаме долу, во рудникот за јаглен: не знаеме какво е времето надвор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оваа постапка постигна врв во Јаже (1948), во кој нема резови; може да се каже дека целиот филм, поради постојаното движење на камерата, е еден единствен долг кадар (Составен е, всушност, од осум кадри по десет минути - еден кадар за секој колут).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Навечер, кога Вера ќе заседнеше подоцна, татко ми ја испраќаше и, обично, остануваше подолго време надвор од куќата. И тоа стана обично.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Супер е сега кога се разубавува времето надвор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И времето надвор боледува од астма: сонцето, бледо, без сјај, се потпира на голите гранки и се тресе од студ; ветерот јури преку црните ораници како коњица во паника и фрла игличести капки дожд по вагоните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)