време (имн.) - навреме (прил.)

Од време навреме скокаа во место цепејки го небото со вресок својствен само на нив, болно плачеа коњски, а пискотот нивни се прочу низ коријата, одекнуваше од околните ридови и повторно се гушеше некаде длабоко во нивните коњски срца.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Само од време навреме болснува батериската светилка на предводникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој знаеше по еден, а по некогаш и по неколку дена од - време навреме да подречува по неколку збора сè за едно исто, како да ги измислуваше, молчејќи, сите свои мисли во тоа молчење, од по неколку часа, а потоа ќе кажеше некому, или напросто себеси, тоа никој не можеше добро да го знае, ќе кажеше што смислил: „Животот ти е цел, еден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од време навреме допира остар заповеднички глас, коњско ’ржење и шлапање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од време навреме рикаше бродската сирена.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)