време (имн.) - воопшто (прил.)

Во прво време воопшто не ја познав тетка Олга: да, таа не беше ниска, но не беше воопшто висока како што ми ја опиша мајка ми, а на стапалата имаше навлечено рамни и излитени црни чевлички.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Брат ми зборуваше и тоа сѐ наврекнато уште десетина минути можеби, навистина не знам точно да ви кажам, оти баш за тоа време воопшто не бев при себе, како некој друг да стоеше место мене заглавен во незгодата и асфалтот но, кога малку дојдов на себе, во мислите ми се заврти филмот за овој човек овде што ми викаше, и мислам, почнав да размислувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Меѓутоа, како што одминува времето работите почнуваат да се влошуваат...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но посебно жално во целава приказна е дека Крлежа е промовиран во Туѓманов советник во моментот кога веќе речиси на сите им е јасно дека Претседателот воопшто нема потреба за интелектуални совети бидејќи тој самиот себе си е доволен интелектуалец, уште повеќе, дека тој и не е ништо друго туку типичен хрватски интелектуалец, значи сега кога е јасно дека нашиот Претседател сето ова време воопшто и не се занимавал со политика, туку само го довршувал својот историчарски opus magnum со делото за настанокот на хрватска држава во дваесетиот век, потопувајќи го овојпат перото во крвта и солзите на сопствениот бескрајно обожуван народ.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И кожата се беше изменила - сега беше оптегната и мазна под големата џумка што ја прикриваше. Маката не ми помина ни откако се истуширав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во последните пет-шест години, додека таа сè уште работи во ДУТ „Спектар“, работното време воопшто не се почитува, па често се случува да се работи и по 12 часа, а работниците се принудувани да работат и за викенди и празници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи Костадиновска извесно време работи на позиција на која има одличен увид во приходите на фирмата, таа истакнува дека, во почетокот, фирмата имаше големи приходи и потенцира дека „многу пари влегуваа во претпријатието“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)