време (имн.) - сам (прид.)

Сега е, значи, време самиот тој да направи пресврт и да го спроведе својот план.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И јас мајка ти ја оставив извесно време сама кога одев по работа или кога бев на фронт, но пак се вратив...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Патем, ќе го соберам и оној симпатичен подофицер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но Мајка, откако ќе дојдеше на извесно време кај некого од нас, неочекувано, по неколку дена, категорично ќе побараше, ќе најдеше семожни причини, да си оди, под изговор и дека Татковата куќа не се остава долго време сама, куќата на нејзината осаменост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Цело време сама, па сама.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Седеше долго време сама. Во последната клупа. Како придодадена на класот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)