време (имн.) - нејзин (прид.)

Со време нејзината соработка добива сѐ поактивни форми, таа станува агент на тајната служба под име „Јагуар“ и се стекнува со статус на офицер.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со текот на времето нејзината митологија се разоткри како вистинска религија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа повисока средна класа, бидејќи поради крвната бариера никако не можеше да стане дел од старата Елита, но имаше пари, значи одредена моќ, мораше да создаде сопствена митологија, токму врз - монетарниот систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се прашуваше што ли подразбира тој под „знаење“, и дали фактот што во последно време нејзината турлитава стануваше сѐ подобра има некаква врска со квалитетот на книжевното дело.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Така луѓето ја препознаваа по улиците, ѝ дофрлуваа погрдни зборови и камења, ја плукаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Квалитетот што некогаш ѝ беше достапен само на аристократијата, постапно почна да станува достапен и на масите - во ограничена мера.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)