време (имн.) - негов (прид.)

Визуелно, не се разликува многу од експериментите што во тоа време неговите современици, тогашниот бран американски сликари, апстрактните експресионисти, ги изведувале во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ти велам: што сè правеше тој во тоа време неговото, тоа ни сам господ Бог не го знае.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На прв поглед, оваа сцена изгледа сиромашно апстрактна, дело направено од вискозен пигмент, пуштен да тече од садот кој се наоѓал на постамент.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Немаше град, немаше институција, каде што не се запишуваше за вечни времиња неговото име. Целата земја се бургибизира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го испитуваше спокојно некое време неговото бледило.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Точно во тоа време неговите од Софија му соопштија дека Лила го напуштила нивниот заеднички дом, според нивни информации со некој помлад офицер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пергаментниот запис во ковчежето со златен клуч и со сребрен катинар му го напишал и му го оставил во дамни времиња неговиот пра-пра-прадедо, махараџата Раџнапур од Мохенџо Даро*, најстариот и најпознатиот град во долината на реката Инд.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)