време (имн.) - најубав (прид.)

Ѝ определи засебна соба најудобно уредена; ѝ направи најубава облека, скапоцени срмени влечки, накити какви што имаше на времето најубави и најскапи и ѝ наложи на Ајша да почне со кандисувањето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во тоа време најубавиот крај на земјината топка беше широчината на крајот на нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За сите таа беше добрата и умната баба Севда, на времето најубавата невеста што горненци ја имаа видено и што, еве, сега, на старост ја снашла недобрина, ама што не ја снајде кога, како што велат, имала дваесет и три, па и дваесет и пет години, кога образите ѝ пукаа од младост.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)