време (имн.) - меѓу (предл.)

Остануваат некои зборови, слики, бескрајното чекање на нешто (чувствуваш?) неизбежно, нечие доаѓање, ѕвонење на телефонот, адреналин, будењето на мрачниот ѕвер, убиство на времето, ненадејно отворање на вратата... остануваат валканобелите ѕидови обременети со тишина, ги голтаат погледите и те оставаат самиот на себеси, безброј прашинести утра кога се откажуваш од својата НАМЕРА, а стакленото око ти го нацелало грбот, подготвено да го испука бесмислениот истрел... остануваат меките, пренатални допири на темнината, ококорените, црни пукнатини на времето меѓу скаменетите бранови на празнината, пополноќните прошетки низ мртвиот град и она скокотливо чувство на необјаснива слобода што ја чувствуваш додека чекориш по пустите улици (стариот Витмен тоа чувство го знаеше подобро од мене)... остануваат порозни делови од едно филтрирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Филмот е толку далеку од црно-белото сликање на карактери и настани, што при првото прикажување (во времето меѓу војните) доста критичари му префрлаа дека ги оцрнува сојузниците, кои се прикажани како разединета, колеблива група за разлика од одлучниот и мирен непријател.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неговата земја веќе десет години официјално беше Австралија, а македонски зборуваше само еднаш месечно, по телефон, кога во ниедно време меѓу денот и ноќта, заради разликата во времето, ќе се јавеше да ја праша мајка му како се.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И на двете слики бил Хичкок, којшто токму тогаш со голем напор ослабел од 150 кг на бедни 100 кг.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
3. Распосли си го окото - мојата љубов сака да патува мојата љубов сака да залута да се врати, да нѐ спаси мојата љубов сака Во предградието на твоето око трепките си поигруваат есен, отвори, патникот кој чука е љубовта ќе влезе за да побегнеме од времето меѓу градите отсекогаш сум носела виделина окото твое отсекогаш ме барало мене - разбуди го, ноќва како на сон те сакам, погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)