време (имн.) - ручек (имн.)

Само еден орел, во време ручек, сам се извиши од сртот на западниот лак на Потковицата спрема Чепигово, спрема Бегоски Ливаѓе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По прилично напорната прошетка во разгледување на селото, по истиот пат се вратија во малиот замок на Јана, токму за време ручек.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)