време (имн.) - пладнина (имн.)

И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Иако тие први стигнале до изворите, ѝ го препуштиле редот на Трајана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Трајана ја закопаа другиот ден, во време пладнина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А неа, Ристана Голушкоска, тогаш млада невеста и трудна со Димка, дури другиот ден, во време пладнина, ја најдоа жителите на Потковицата на мртво истепана и полуосвестена во тремот на куќата нивна и не смеејќи да ја однесат на доктор во Прилеп, се плаѓеа да не ѝ направат поголемо зло, сами ја лечеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од дома, до Гробиштата, горе на Горник, ја носеа војводите и син ѝ Ѓоре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На Имотот достасаа во време пладнина и само по еден саат време, уште нерастоварени, отидоа да закопаат некого свој на родителските, на Акиноските гробишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И оздрави, кутрата: но од ќотекот си остана алипна во умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но и едните и другите, во време пладнина, со празни раце се вратија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тасија и Илинка со оваа приказна за Трајана Дамческа и за малечкото од Одрена Чибукоска, кое немаше ни полни пет години, отиде дури дотаму што тврдеа дека еднаш, во време пладнина, кога отишле тие двете да налеат од Виданови Извори вода за дома, дошла и Трајана со малечкото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Истиот ден, во време пладнина, Мурад III си замина од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)