време (имн.) - минато (имн.)

Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Ви благодарам задоцнето и за ќесињата со миризливата лаванда од последната берба во Прованса кои го исполнија сиот мој дом, како и со спомени на едно друго време минато во чудесната јужна Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Времето минато во природата ме исполнува и ми ги полни батериите за секој нареден ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше дојден мигот да го ослободам ова време од себе и да го предадам на хартијата, на забележаните траги на меморијата. Времето минато крај Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај поголемата мака и подолгото време минато во подготвувањето, вкусот на подготвениот тикуш остануваше ненадминат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бродот ќе ја однесе мојата душа во новиот свет во времето кое наближува, јас ќе останам во времето минато за да коленичам и да молитвам чекајќи го Потопот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Заборавот ја подјадуваше меморијата на раните дипломатски години, но не можеше да ја истисне од свеста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мене се разбрануваа спомените! Неговото време беше влеано во дел од мојот живот, од моите дипломатски години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И најпосле непредвидено, како што само судбината умее да ги режира настаните, наметнувајќи ја случајноста како апсолутен арбитер, настапи времето, дојде неочекувано мигот кога катарзично се ослободуваше времето минато крај Арафат во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)