време (имн.) - мина (имн.)

Не се сеќавам што би рекла мајка ми во ракописот што ни го остави за да ни каже колку малку им се посветуваме на оние кои не сакаат, колку време мина од разговорот со неа, еден или два часа, кога ми се јавија од клиниката да ми кажат дека и е лошо и дека не знаат дали ќе и издржи срцето!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не знам колку време мина кога сонцето блесна од зад облаците ги помести, ги разби маглиштата и талогот на еднообразноста дрворедот се озари доби лик, па одеднаш некои чудни форми почнаа да се об-јавуваат пред моите очи пред зумот, пред заумот. Ми се стори дека од некаде надоаѓа нешто боготворно светлината го овозможува совршенството но треба да го најдеш барај избегни ја судбината на просечниот ум, колатералната штета на непросветленоста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Колку малку време мина, а народот беше ставен во искушението на навидум последното преобраќање во комунистичката религија...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ми доаѓаше во сон како да сакаше да ми каже нешто, но никако не успеваше да изусти или кога ќе успееше да пушти глас јас не можев да слушнам...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)