време (имн.) - мајка (имн.)

По кусо време мајка ми останала повторно бремена. Инаку, била многу вредна за работа и била убава и здрава жена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Верувај ми - реков - ако ја познавав во она изминато време мајка ти, како што ја познавал на пример Даскалов, можеби ќе ја замолев да ми дозволи да ти бидам татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За тоа време мајка ми и баба ми стануваа многу загрижени.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Инаку сакам да те уверам дека се она што се случувало со вас, со тебе и со мајка ти, сепак било нејзин избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од кујната доаѓаше прекрасен мирис на кифлички со мармалад и по некое време мајка ми ми довикна: - Ведане, дојде малку!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)