време (имн.) - врши (имн.)

Тогаш Потковицата беше завојувана од фашистите. Фашистички војници и полицајци, заедно со нивните палатки имаше насекаде низ Потковицата, дури и на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога тие, неговите клетви и молитви секнаа, (точно на годината откако бил извршен злосторот и точно во истиот месец, во време вршење) ден, два, потоа, во ливадите во Три Дабје се јави еден глас; беше среде ноќ, беше јасна месечина, туку грмна, како од земја да изникна, дотогаш на никого непознат во Потковицата: Море огреала, огреала јасна месечина, море што е време, што е време коњи за крадење, моми за љубење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, во 1942-та, во време вршење, по прв пат во Потковицата, по 1915 - 1918 година, дојде во толкав број војска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)