време (имн.) - им (зам.)

Лепезите од време на време им се придвижуваат од невидливите струења, а тие исто така им служат како еден вид договарање познат само на рептилите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
— Презимуа ли бре, брат Толе? — срдечно го дочека попот и му ги изнесе неговите комитски алишта, пушката, пиштолот и дулбијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како за инат и времето им ги зголеми страданиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така, чорбаџи Трајко, Димо, попе, даскале, така.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
12. Со кревањето на аскерот од Мариово и со разубавување на времето им се отворија очите на сите селани, а особено на Толета. Селаните тргнаа по работа, та реши и Толе да „излезе на работа“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Меѓутоа, во областите како што се типографијата, хирографијата (пишување со рака) и психологијата на некои аспекти на тие проблеми во последно време им се обрнува посебно внимание, особено во врска со наставата на читање и пишување и со визуелната перцепција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тука е и најголемата иронија на целата оваа дебата; сите тие големи научници кои ја одбиваат потребата за научно истражување на процесот на преведувањето, поради неговиот низок статус во академскиот свет, во исто време им предаваат голем број преведени дела на студенти кои зборуваат еден јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Искривеното перцепирање на времето им помага да свират побрзо и секогаш поинаку од последниот пат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа е резултат на првокласната обука што во денешно време им се дава во Шпионите - подобра дури и од моето време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Работното време им беше драстично продолжено спроти Неделата на омразата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако ќе се заживее малку повеќе со луѓето во овој град, дури тогаш се доаѓа до сознание зошто на луѓето времето им е прескапо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сојузникот време им овозможи да се запознаат со реакцијата и на последниот дамар од своите тела.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
СИМКА: (Подземајќи ги филџаните). Наздравје!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Е, време им е... Добро е кој ги има...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По некое време им рече нешто на другите, на нам неразбирлив јазик, и сите испоседнаа околу тенџерето и почнаа да сркаат од чорбата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Шлапкаа гласно сркајќи и мене тоа многу ме нервираше, но...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Цело време им пречи нешто.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тие не знаат за колку време им е јадењето, велам, до кога може да им држи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За сето време им зборуваше на сите далечни луѓе, за сето време тој продолжуваше да им довикнува ним по нешто такво, неразбирливо и заздишано.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па знаеш, во нашиот двор немаше огон - и време им дошло на митровденчињата да цутат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
" Мислам дека за тебе е најбитно да поверуваш во она што ќе ти го рече мајка ти", ме посоветува тој.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој се насмеа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков дека многу би сакал тој да ми објасни што токму се случило помеѓу него и мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Девојката што ја запознав во куќата под Сина Скала најмногу време им посветуваше на ранетите“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ЈАКОВ: Времето им одговара на фригидните. Мене ми тече сперма низ уши.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нанчо беше магир, готвач, во кујната, а попладне и во слободното време им ја стрижеше косата од главите или им ја стругаше брадата на Егејците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нејзините две сестри на кои во исто време им биле убиени мажите, овде, во оваа Македонија, се премажиле. Имале само по едно дете.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во небеската синевина поигруваа зраците на сонцето, а утринскиот ветерчок ја мрсеше косата на витките палми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Картагинските статуи, тука веднаш крај морскиот брег, крај напуштените форуми и арени, го продолжуваа вечниот сон. Само лицата со време им се обезличуваа. Бавно замираа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие времиња им здодеа на затворениците да ги ослободува новата власт, чувствувајќи дека кога ќе дојде старата, пак ќе треба да бидат затвореници, а ако избегале, ризикувале нови казни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само со време им се прилагодуваа на жртвите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)