време (имн.) - чувствува (гл.)

И тоа не само наша, болка на целото село, на срцата на селаните, болка на небото, слушаш како дува силен ветар, времето чувствува и болка и радост, ветерот е немирен, час е тивок, час беснее низ селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Има мигови во кои лудите се издвојуваат од својата не-реалност, и во таа кратка пауза во времето чувствуваат некоја повисока реалност, како некакво претчувство за крајната испреплетеност на судбините кои сочинуваат соѕвездија на Земјата, кои можат да се видат единствено од некоја далечна ѕвезда. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечките судбини во Гнездо плетеа чудесни, честопати невидливи мрежи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас како и Ели, во целото време чувствував - ние имавме мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)