време (имн.) - тече (гл.)

Како времето течеше јас се навикнував на работата и на животот таму, па си најдов луѓе, забави, а се шетав понекогаш и сама.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Така јас можам да бидам секаде во просторот и во времето истовремено при што ниту просторот се менува ниту времето тече.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако работеше во Електростопанството во Градско, Стерјо остана да живее со мајката и сестрите во селото Крушица, сместено во остриот засек на планината Бабуна, низ кој во сите годишни времиња течеше распенета снеговница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Времето тече низ моите прсти како вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас не сум уште неатрактивна, но знаев дека не сум онаа Луција што бев, и тоа беше сосема нормално, оти јас, за разлика од Јан Лудвик живеев во светот во кој времето течеше, и сѐ беше предвидливо, дури и бавното доаѓање на староста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Времето течеше по болници, по санаториуми, на некои курсеви каде ме тераа да учам занает. Научив да стрижам кучиња...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога сè ќе замолчи, нема зборови за разговори долги, а само очите говорат, очекувајќи секојдневно исти денови, времето тече бесповратно, а грижа воопшто немате што си оди, ниту пак знаете патот кај ве води, апослутно на ништо не се надевате, не сакате, ниту мразите, рамнодушно по земјата газите, ни мртов ни жив, е тоа е клето, нема ден бел, само црн, ниту сив, тогаш сфаќате дека, не сте сфаќале ништо.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Козјото време течеше со својата неумолива логика, посилно од идеологијата што сакаа тие по секоја цена да ја наметнат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Годините врвеле... Времето течело како бујна планинска река.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)