време (имн.) - служи (гл.)

Во продолжение во источниот ѕид од куќата, е кренат заштитен ѕид од колци исплетени во врбови прачки за да го заштити дворот да не го подлокува него езерото; на северниот ѕид од куќата залепена е плевна со покрив од слама, поцрнет и згниен; од неговиот гнилеж во пролет изникнуваат разни тревје и по некое житно стебленце чиишто семиња паднале тука од ветрот или од птиците, и тие зеленеат и живеат сè до летото кога сонцето ќе им ја истрга влагата од северните ветришта и студови; до плевната е залепен мал готварник, кој летно време служи за готвење, за перење, за сушење месо; оградата на дворот е крива-права, со штички кои не се со иста височина, со колје кои како да се редени: некои дење, некои ноќе; на места е пренапната и раширена оградата, како детско оро што неправилно се оптега; на оградата има врата доста повисока од неа, покриена со мала стреичка за да не кисне на дождот; на вратата има ѕвонец кој при отворање и затворање на вратата, одекнува со непријатен ѕвек како камбана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа беше како травертин, онаа тврда материја која беше настанала од талогот од варовните топли извори, па уште од најстаро време служел за одличен градежен материјал, од кој е изѕидана црквата Свети Петар во Рим.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)