време (имн.) - седи (гл.)

На времето седевме вака заедно на балконот во родниот дом. Дење зјапавме во минувачките на улицата и како постар ѓоа те подучував како се ловат убавици како пеперутки во везден фрлените машки љубовни мрежи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Извесно време седеше зјапајќи глупаво во хартијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа не знаеше дека тој вечерва воопшто не ја гледал како Јанте, дека за сето време седел долу во бифето на театарот и станал дури кога загрмеле ракоплескањата на крајот од претставата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ситуацијата ја спаси дебелиот офицер кој цело време седеше на креветот извален назад чиниш затоа што не може да стане.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Некогаш знаев да си седнам сам в кафеана, да си порачам ракиичка со мезенце и со часови да го минувам времето седејќи така и мислејќи мисли со кои се чувствував разлатно и ослабавено.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Застапникот, кој цело време седи некако стуткано како да сака нешто да скрие од некого и со двете раце во скутот, држи листови хартија свиткани на две, колебливо станува од местото со листовите хартија во десната рака, потоа ја крена раката, ги фати листовите со двете раце и почна да чита често неумесно запирајќи или затоа што текстот му е нечитко напишан или можеби му го напишал некој друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но Скрче, кој сето време седеше на вратата и слушаше, го фати и го запре да ја удри Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едно време седев сама, а потоа се преместив до Бланка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
ФЕЗЛИЕВ: (Сето време седи замислен. Гледа пред себе, како тука, врз подот, да го открива она што го мачи.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Наслушнував, немаше гласови. Долго време седев а се слушаа само истрели од далеку, а никој не дојде торбите да ги земе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Што се случи?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку време седеше така неподвижен, со оџагарени очи, без мисли, не забележувајќи дека веќе го обвила темнината?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Векот време седевме и си зборувавме за бакрданик, за палеж, за варена тиква. Кому што му се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)