време (имн.) - минува (гл.)

Времето минуваше. Дваесет минути, еден час... тешко беше да се оцени. Повторно се слушнаа чизми во ходникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така, разгледувајќи го „Пигал“, незабележано времето минува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Времето минуваше. Веле работеше секаква работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко му ги преведуваше најзначајните сиџили, при што Камилски ги редактираше јазично преводите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во истиот период овде беше вработен и професор доктор Климент Камилски, преживеаниот од Голи Оток, кому во почетокот не му беше дадена утврдена работа, па со познанството и зближувањето со Татко, голем дел од времето минуваше со сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ѝ велеше дека сите луѓе, кој порано, кој подоцна, минале низ таа болка, низ тие неволи што ги остава љубовта, но дека тоа со време минува, се излекува, се заборава; таа е треска што затресува, но што врви, преболува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
17 Времето минуваше,Томаица не знаеше ништо за ова, ниту имаше чуено некаква новост во врска со Петар.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Преку границата долго време минуваа само телеграмите-некролози што известуваа за умирачките на обете страни!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Времето минуваше. Залезот на сонцето го облече пејзажот во ново руво. Синевината и таа како да заоѓаше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Времето минуваше бавно. Од Бургиба, ни трага ни глас!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лажно се тешев. Времето минуваше во ново одложување, пред новите дипломатски настани!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Времето минуваше и В подостаре. Бројот на желбите му се намалуваше, но секојдневно растеше силината на сега веќе единствената желба.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Времето минуваше и луѓето се заситија од едноличноста на изложбата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Времето минуваше, а некое студенило се населуваше помеѓу Рајнер и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ни се преплетуваа телата, неговото тело се однесуваше кон моето како кон подвижен предмет; кога ме гледаше, како да гледаше во нешто неживо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во Виенската болница некои од хирурзите дел од своето работно време минувале правејќи ја таа од законот забранета, а сепак за некои луѓе дозволена дејност – таму абортирале ќерките и метресите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоевме пред тајниот оддел, кога брат ми ми кажа дека и самиот научил како се прави тоа, па почна детално да ми раскажува, а јас, замислувајќи како металот го потфаќа плодот, почувствував дека ми се лоши и повратив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во времето кога го немаше стариот каталог на Ла Ринашенте, во периодот од 1939 до 1949 година, Мајка најмногу време минуваше во читање и во толкување на светите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Времето минуваше. На улицата завладеа необична тишина, полна со очекување, со секој миг сѐ подлабока.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Градот чекаше додека планетата кружеше низ вселената, следејќи ја својата орбита околу сино-белото сонце, а годишните времиња минуваа носејќи мраз, па оган, а потоа повторно мраз и пак зелени полиња и пожолтени ледини на лето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Времето минуваше. Наскоро се чу повик: „Смит? Џенсен? Џонс, Хачисон, Спрингер?“ „Овде! Овде, овде!“ Стоеја покрај вратата на ракетата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)