време (имн.) - бил (гл.)

Тој спаѓа меѓу најплодните и најомилените детски писатели во Македонија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Извесно време бил уредник на списанието „Титов пионер“ и на емисиите за деца на Радио Скопје.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„А едно време бил и под еден вид уцена“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во негово време биле формирани и најкрупните административни единици префектури.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Субјектот на експериментот сето време бил самиот Павлов: тој бил извршител на експериментот и тој е оној којшто стекнал некое задоволство од знаењето што експериментот наводно требало да го востанови.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Роден е во семејство на ирски католици во Масачусетс, а неговиот татко бил офицер. 112 okno.mk Лири завршил факултет, кратко време бил во војска и започнал академска кариера.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Еден модерен критичар го смета Камбиасо за прототип на европскиот кубизам и авангардизам, а се укажува и на тоа дека уметниците од овој тип во своето време биле “исмејувани”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Без сомневање најважната личност на ова време бил Анри Поенкаре, кој потекнува од Нанси во североисточна Франција, а кој работел и во Париз.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во тоа време бил сту­дент на Лондонскиот економски факултет; чистеше станови да има за школарина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс „долго време бил врзан за областа на долна Рајна и Клеве“, и за некои од тамошните луѓе кои ги сметал за „модели“ и кои без сомнение ја компензирале неговата дистанцираност од родителите, посебно од неговиот оддалечен татко.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А таа: “баш е сладок”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако, како што пишува Ерик Ериксон, првата психолошка задача на детето е да развие доверба, обично преку топлиот однос со родителите, тогаш Бојс го развил чувството на доверба кај себе преку своите фантазии за себе како овчар, родител на своите овци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оттука, независно од комбинациите на субјективните и објективните причини, Бојсовите родители не ја исполнија својата прва должност како родители кон своето дете: кај него да создадат чувство на сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа дала оглас во весник - потребен чистач - и се појавил Мик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојан лежеше со отворени очи, долго лежеше така и се чувствуваше како повратник кој долго време бил во некој далечен, туѓ предел, па сега, враќајќи се во својот сакан, познат крај го доживува како ново откритие и влегува во него со извесна претпазливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако Џоан Крафорд или другите женствени ликови со кои се идентификувале геј-мажите не се навистина жени, ако цело време биле некакви преправени верзии на геј-мажите, тогаш човек не би можел разложно да ги нарекува со зборот идентификации односите на геј-мажите кон нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто таквото сведување би го збришало самиот проблем што се нафатило да го решава, бришејќи го токму она што предлага да го објасни – имено, значењето на женствените идентификации на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, така, тој погрешно го разбира начинот на кој функционира еден заменски идентитет создаден преку таква вкрстена идентификација – односно, точниот начин на кој Џоан Крафорд за некои геј-мажи функционира како заменски идентитет. ‌Во секој случај, суштински е важно геј-идентификацијата да не се сведува на геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓутоа, познато е дека рускиот цар, прогласувајќи се за пријател на христијанското население во Македонија, во исто време бил непријател на македонското револуционерно движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во исто време биле ослободени околу 600 души од солунските затвори.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие во прво време биле дело на врховистичките чети или на Борис Сарафов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во прво време бил под влијание на Борис Сарафов и учествувал во убиството на романскиот новинар Михајлјану во Букурешт како заштита на извршителите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првиот дошол во Скопје, каде што по извесно време бил уапсен од властите и задржан во затвор, а вториот дошол во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
“Синоќа цело време биле тука.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Еден е од иницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на Македонија, а едно време бил и негов претседател.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Во сите времиња било така”, вели слепиот Тимон: „кај дупи парата, не дупи бургијата...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ама времето било лажовно, вели, курва било времето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јуначко момче во свое време бил, пет срца момински под своја гуња носел, домаќинство со голема челад спечалил.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се претпоставува дека модриот патлиџан потекнува од Индија (на јазикот санскрит е vatin ganah), потоа преминува во Персија (бил познат како bdengn), Турците го презеле од Арапите (познат како l-bdinjn).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во текот на времето бил создаден заеднички фонд на идентични турцизми, што циркулирале во сите етнички хетерогени балкански средини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Елизе Реклус беше речиси фанатичен противник на инвазијата од англиски зборови во францускиот јазик, но и тој беше свесен за неизбежноста на процесот, кој во некои времиња бил посилен, а во други послаб.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во Западна, но и во Источна Европа долго време бил непознат овој плод, но неговото распространување најмногу се должи на ширењето на Османската Империја во Азија, Африка и Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Александар случајно имаше научено дека кратко време бил и претседател на една безначајна политичка партија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но ниту едно јавно или приватно искажување никогаш не беше признато дека трите сили во кое било време биле групирани поинаку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никој од нив не памети кога биле засадени чинарите - велат - може било и пред да се гради црквичето - може со садењето на чинарите во едно далечно време бил удрен белег каде ќе е среде село...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Неговиот дедо Михаило (познат по тоа што едно време бил визитинг- професор на Универзитетот во Беркли, Калифорнија) и мојата баба Добрила (позната по тоа што пред војната била избрана за мис на Врњачка Бања) се брат и сестра, родени во црковен брак од прадедото Милош (познат по тоа што во почетокот на минатиот век во Швајцарија победил на натпревар по боб-санкање така што не знаел како се кочи бобот) и прабабата Даница (позната по готвење оброци со австроунгарски имиња од типот на штрудли, шненокли и шуфнудли).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
2. Сметаме дека особено во денешново време било кои форми на ескапизам - па и оние што се повикуваат на тнр. „аполитичност” - се несоодветни и често контрапродуктивни;
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Манастирот доживеал неколку умирања и оживувања: во турско време бил двапати разурнуван и повторно обновуван.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Манастирот подоцна, им рече игуменот, со доброволни прилози на народот, пак се обновил, но низ времињата бил често опустошуван и плачкосуван од качачки банди: опустошуван бил и од чумите што ги носеле војните; но тој пак опстојувал и ја ширел просветителската дејност преку учениците што учеле во неговото училиште.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По улиците на времето биле поставени и кошнички за отпадоци.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Малку потаму, во зеленото паркче, во свое време била поставена чешма.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Има нешто посебно во тоа кога човек долго време бил отсутен од местото каде што пораснал, особено ако многу ретко го посетувал како што тоа го правев јас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)