време (имн.) - бев (гл.)

Работниците (меѓу кои и Ѓорѓиевски) во најголеми- от дел од овој период живеат во импровизиран камп во дворот на фабриката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ѓорѓиевски потенцира дека за цело ова време беа изложени на временските неприлики, а работодавачот во ниту еден момент не им дозволуваше да влезат во фабриката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не забележавме кога дојде татко ми. Тој во ова време беше обично на работа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пред нив тераа два коња. Времето беше студено...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пишуваше: „Во славу светаја великомученицу Богородице зачасја сиа камбанарија 1866 мца јуниа 9 ден во това време беше епитроп Методиј од род Тане сосе браќа Маказарчани. Мајстор Стојан Ило од Стрелеско. Помилуј Гди“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Време беше да ѝ пишам на Агна. Впрочем, јас одамна се подготвував, очекувајќи го големиот момент на завршувањето на водоводот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Остана сосем сам, милји оддалечен од неговиот искрен и лојален пријател за кого мислеше дека во последно време беше единствениот способен за здраворазумен дијалог.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Таа во тоа време беше многу непријателски расположена кон сите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пол помисли за момент и рече: „Па, добро се најадуваат на журките”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Раните Бојсови цртежи долго време беа особено ценети од неговите естетски- конзервативни обожаватели, оние коишто никогаш не би можеле да покажат било каков вистински ентузијазам за неговите неортодоксни скулптури или инсталации.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Заедно, овие изложби го охрабрија посетителот да просудува самиот дали издвојувањето на Бојс од неговата контрадикторна личност е воопшто можно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ме прашаа и мене дали сакам да бидам во емисијата, но јас реков: Не.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас во тоа време бев познат по тоа што со себе, посебно на журките, носев најмалку по дваесетина луѓе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бидејќи во Девојките од челзи ја играше Дачис, остана таква уште неколку години после тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
БЕВ гостин кај наши работници во Париз. Времето беше студено, и сите бевме собрани, едно попладне, во приемната соба каде се наоѓаше телевизорот на мојот домаќин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Брзо го зедовме патот до Братислава. Времето беше без снег, но облачно и студено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Пак некоја каурка грабнале агите? — го пречека Ростовски Мита со прашањето и ги развлече дебелите црвени муцки, бидејќи во тоа време беа зачестиле грабежите на каурки од разни бегови и паши, та Ростовски со владиката интервенираа и протестираа против тие насилија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги плаќаат Турците воловите, но при тргнувањето еден ја завртел главата некако заканително.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аха! — се замисли силниот Ростовски, и стана од столот да се прошета низ широката одаја за да донесе решение по оваа сериозна работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но едно беше главно: тие села по Мариово во тоа старо време беа слободни, без бегови и господари, та беа се поткренале и материјално.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Б: Во тоа време бев привлечен од чистата наука - физика - каде што може да се спекулира и да се биде креативен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Пред свеченото отворање, во март 1995 година, МОТ (како што од некоја причина се претпочита да биде нарекуван), долго време беше „под оган” заради скапите набавки, меѓу кои особено се истакнува примерот со „Девојчето со панделка” на Roy Lichteinstein (шест милиони долари).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кај отиде светов бе, у наше време беше сто пати поарно него сега.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А таа во тоа време беше лудо вљубена, навистина, и никако не смееше и нејзината љубов да изветрее со градот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Појасот беше обоен бело и сино, но врз боите уште дамна времето беше ја напластило својата сива прав.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тукушто се бевме вратиле со госпоѓицата Вангели од Франкфурт, прилично исцрпени од работата на Nightary, и последна работа што би ми била на памет во тоа време беше да се зафатам со работа на нов филм.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во тоа време беше актуелен еден од најголемите грабежи во историјата на Mejzer Melouz Town, близок град- комшија на Gazy Baby Par. Av., кои беа поделени со големата река „Гомнар“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сега имам болки во коските и отечен сум, но во тоа време бев побрз од метрото.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Време беше и јас да си одам. Мојот престој се ближеше кон крајот. Полека се подготвував...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во тоа време бевте мошне питомо, мошне нежно дете? Немав големи можности да бидам питом и нежен, бев воспитуван со шлаканици, така тоа беше во тоа време, воспитување со шлаканици, а и она „Молчи, мангуп еден!“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Били и неговите веќе го окупираа местото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите се боцкаа точно во вената, освен (а кој друг) Дачис која се боцкаше под кожата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сето ова го дознав подоцна, зошто во тоа време бев многу наивен; сакам да кажам, ако не видиш некого дека се боцка, не можеш ни да поверуваш дека тој тоа навистина би го направил.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За власта долго време беше само дилер и наркоман кој во пијана состојба си ја убил жена си и родениот син го одвел во смрт од дрога.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гого го остави домарот да го разбере како што сака, па побрза да се оддаде на подготовките за сликање: чардакот не го фаќаше ни утринско ни вечерно сонце, а цело време беше под една подеднаква дневна светлина, како стокмен токму за сликање, а не за славење, како идеално ателје.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Знаеш, имав еден брат. Боге го знае, едно време беа другари.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе времиња беа собрани во ова пусулче кое, сега, тебаше да му го отвори патот во социјалистичкиот суд.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во тоа време бев под влијание на композиторот Џон Кејџ, кој беше заинтересиран за такви нешта какви што се “случајноста” и “алеа­торните механизми”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
8 Во периодот од независноста до 2010 година дојде со суштинско намалување на работничките права, и тоа: беше воведен отказ без отказен рок; значително се отежна остварувањето на правото на штрајк; временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една на пет години; се намали законски утврдениот годишен одмор; драстично се намали висината на еднократниот надомест при добивање испратнина, а продолжи со невоедначената казнена политика во однос на ригирозноста на казните.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дури и времето беше ускладено со него: беше ран пролетен ден, со прозрачен воздух и натопен со сончевина повеќе и поубаво одошто на сликите на импресионистите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа што сакаа да го видат цело време беше некаде потаму од она што го гледаа, но и не можеа добро да видат зашто прозорците беа од бледожолтеникаво провидни каучукови плаки опшиени во мушамени рамки, така што изгледаа како исплакнати во некаква матна вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ти се чинеше намерно сѐ убиваа, сѐ изгазуваа и уништуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се чуди со ужас и денес албанското племе што јунак татко ти беше; со славата побратен, сердар, тој целото време беше на херојство решен.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Затоа, впрочем, и на­шата партија увиде дека треба на време да расчисти со штетното влијание на религијата која во тешките времиња беше додатен товар?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. задоволно продолжи: - Ние Албанците на Балканот долго време бевме пагани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
СОФРЕ: Е, остави го ти турското, тогаш други времиња беа!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кај берберот Среќко го слушале како ломоти (и тоа после онаа ноќ што ја проведе со мене) дека за прошетка се подготвува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А куќата навистина долго време беше осамена бидејки војникот на бел коњ, на кого многу нешта не му чинеа, пред време фати пат којзнае на која страна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На крај, ќе зборувам за тоа што може да биде корисно доколку ја гледаме терапијата како разговор. * * *
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Долго време бев фасциниран од одредени типови загатки, делумно мистериозни, кои се вградени во јазикот што го употребуваме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не земјата, времето беше република на безделните - она топло, неподвижно, дембелско лето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А Лествичникот, кој цело време беше на штрек, како едвај да чекаше да си одиме, рече: „Малку повнатре со клучот, и потем силно десно“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас го гушнав затоа што ми беше само симпатичен, а освен тоа требаше да се мисли и на рејтингот на Партијата, а јас во тоа време бев нејзин активист, и се очекуваше наша победа на изборите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И пак се расприкажав, а времето беше стигнато за џелат и судија; дојдоа тие, ја треснаа вратата на одајата и во следниот миг застанаа како од ровја трештени: пред нивните нозе, пред моето легло, стоеше составено скршеното огледало, со скаменетата последна слика во него, со ликата на прекрасната, преубавата ќерка на царот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа ноќ, откако го пуштивме сподобието грозно низ клучалницата на тајната на записот ин, јас, по указание и желба на отец Стефан ја украдов штичката што говори, од одајата на пречесниот Фиилозоф, кој во тоа време беше на молитва света.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Освен во времето на војната, додека го служеше воениот рок, кога годишните времиња и сиот ред на нештата преминаа во безредие, животот имаше определена шема, исто како и времето, годишните времиња беа јасно одвоени како посебни паноа на ѕидни слики, свежите и нежни денови на есента им претходеа на влажните и ветровити денови на зимата; освежителните денови на пролетта ги пресретнуваа запурничавите и неподносливи денови на летото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога времето беше жешко, освен како денешното готвење, што се вршеше на големиот шпорет на гас, храната, што се земаше од визбата или се донесуваше од бавчите, се подготвуваше овде надвор, на терасата и се јадеше на масата што беше обложена со дабово дрво, на која дваесетина луѓе можеа да јадат без да се тискаат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само помислете на Либерачи (кој во слободно време беше и реставратор на куќи): само благодарение на тоа што си изградил сложен вештачки идентитет на отмен и гламурозен уметник, на ширач на висока музичка култура, можеше да го поништи презирот што инаку ќе си го навлечеше затоа што беше онаква кралица.362 Нема сомнение, извесен дел од привлечноста на настраните културни практики за геј-мажите лежи токму во нивната далечина од отворената сексуалност: тие на геј-мажите им овозможуваат други облици на настран израз од оние строго сексуалните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, културните практики им даваат на геј-мажите вентили за страстите што му припаѓаат на ред наводно повисок од сексуалната активност и што дури може да спаѓаат во естетското, во духовното или во несебичното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да биде телесен, животински чин што може да се доживее како недостоинствен, гнасен, срамен и изопачен (барем, ако го правиш како што треба), архитектонската реставрација, музичката изведба или собирањето уметнички дела не само што се општествено угледни, јавнодуховни и фалодостојни туку и тие, токму како и модернистичката апстракција во овој еден поглед, овозможуваат искупителска шанса да се надминат телото и неговите функции – да се избега од избербатениот идентитет на (хомо)сексуален субјект и од сета стигма што оди со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разбирливо е што она што геј-мажите би го вреднувале и би го негувале во тие дејности е токму тоа што милостиво се изземени од сексуалноста и, со тоа, од обвинителна осуда, било од други, било од самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ни треба починка – предложи Еразмо, притоа помислувајќи дека на неговото рамо јастребот – сомнеж цело време беше мирен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Моите родители после несреќниот случај кога го изгубивме Тома некако цело време беа во грч да не ни се случи нешто на нас двете, мене и мојата сестра.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И од таму излегоа триесет учители и професори, десет лекари и еден правник кој на времето беше и јавен обвинител на Албанија. Живите Врбничени се гордеат со нив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А тоа време беше колнато време, огрдено со ужасот на стравот и плачот за најмилото, време кога некои најмногу сакаа што побрзо да легнат под тврдата кременеста скрка, време на смут, немир и безнадеж, но и време на издржливост на невозможното...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тоа време беше време на лаги, на понижувања, блатење, предавства, време на подлости и кодошења, време на клеветење и губење и изопачување на сопственото лице, време на уништување на сѐ што значеше живот, беше нечовечко и погано време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во почетокот чувствував непријатност таа, учителката, тукушто дојдената жена во нашиот дом да ги врши за мене работите, на кои толку долго време бев навикнала, па и некаков пркос не ме оставаше тоа да ѝ го дозволам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кутрата Ели, како да сфаќаше дека не стигнала некаква голема несреќа, не бараше ниту јадење, ниту пак се жалеше што целото време бевме на улица и на нозе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да љубиш ќерка на обележан колаборационист, кој, впрочем, веднаш беше стрелан, тоа во оние времиња беше како да носиш активирана бомба под мишка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во оние попладниња кога времето беше убаво, излегувавме да шетаме по паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сепак, ако некој најдеше доволно добра причина, можеше да остане во зградата на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За нивниот однос дознавме подоцна, од брат ѝ Густав, а Клара тоа го премолчуваше, Клара низ смеа раскажуваше како луѓето фрлаат по неа со камења кога ќе ја виделе како вози велосипед или кога е облечена во пантолони, затоа што во тоа време беше срамно жена да носи пантолони или да вози велосипед, Клара со мачнина раскажуваше за децата кои останале на улица по смртта на родителите и кои умираат премрзнати и гладни, Клара со гнев раскажуваше за неправдите кои ги трпат жените во браковите, и повторуваше: „Ние девојките самите треба да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.“ …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие колца во разни времиња беа со разни имиња бојадисани, додека во 4-та четвртина на XIX век боите не фатија да се ставаат една врз друга и не се парализираа една со друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овие два импулси ѝ отворија пат на онаа средовечна смиреност со која сега умислувам дека сум достигнал едно ниво на јаснотија во однос на себе како млад писател, каков што во тоа време бев.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Мојот осет за регионални акценти во тоа време беше пред сѐ неразвиен.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На Мек Нис во тоа време беше летната сесија, и во барот имаше само неколку парови кои играа на ритам и блуз музика од грамофонска плоча.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- И ја му викам - е како бе си спиел кога тоа време беше на Месинџер.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И пред тој чорбаџија собрал рамениците сиромајио и не му одгоорил ништо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По малце време беа растанале сите од куќи и секој по нешто работа работел: мајка му кравите ватила да молзи, невестата му овците ошла да 'и молзи, син му свињите и телците, прлињата 'и испуштило за в гоеда да одат, сестра му куќата ватила да ја мети и гнојо да го врлат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- На касап бев, пријателе - му одговорил чорбаџијата - и си купив едно јагне за вечер, да запокладиме, а пак на сиромајиов му купив џигер, за и тој да запоклади со децата, за да речи од мене бериќетверс'н.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога беше заповедал Господ на еден ветер, тики кога беше ја потерал гемијата, во брго време беше ја отерал до градот на скелето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си го учил детето да зборуа и го променил во најубаи алишта; му клал на глаа една подлабока шапка за да му се покрива ѕвездата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зел мушама касапот и до некое време беше му оздравел прсто.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Би свадба, доби, и времето беше приближало да си одат штркојте на својо виљает.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Младите штркчиња 'и учеле да летаат на високо и аџијата беше распратил абери по сите страни да се чинат азар сите штркој за на свети Панделејмон да тргнат за на виљает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По малку време беше се собрале сите куќни луѓе и дури некој од комшијте и курдисале муабети да го прашаат Силјана.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За Силјана и напре немало работа и сега немало, при сѐ што сега му се смилила работата и куќата; арно ама требало да си трга џезата што го колнеле татко му и мајка му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, Силјане, како е татко ти Божин со здравјето? - го прашал домаќинот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Беше едно такво време, а и сега е едно такво време, што зачленувањето во Задругата беше неминовно, а оној сето тоа време беше Претседател. Задругата, мислеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, за сето време беше свесен дека оној не ќе може да издржи долго без да доаѓа ваму, без да работи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сеќавам на промената на зимско во летно време, која ти ги нарушува активностите својствени за темница, а во 21 часот по она летно време беше ден, а по ден тоа одеше потешко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вардар како за инает пак речиси цело време беше прволигаш, што нам битолчани ни беше лута рана.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А едно жешко време беше згазило: еден припек те удира озгора, а друг те начекува оздола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, така, и едно време беше сум завенал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Освен тоа веќе време беше да платам кирија за својата соба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не знам колку време бев така наведнат; кога се исправив сета соба беше в пламен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше свесен дека освен убавите мигови со Рада, сето друго време беше денгубење и празно безделничење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во исто време беше и одличен студент.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, во исто време беше свесен дека се наоѓа на сосема нов терен, во непознато ловиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Времињата беа осетливи, а голооточките затвори преполни. За гласното размислување и ѕидовите имаа уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада за цело време беше тивка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можам да го натерам да прави сѐ што сакам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој мирно го поведе коњот кон шталата на едно запустено лозје, кое едно време беше гордост на еден фармер по име Фитваџијан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од ренесансата до просветителството програмата на модерните времиња беше човековиот дух да се ослободи од откриените вистини и црковните догми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Единствено место каде што можевме да го поминеме малкуто слободно време беше дворот, вам веќе познат, и појасот околу ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во исто време беа истакнати сите знамиња и другите работи што одат со тоа и веќе можеше да се рече дека почнал испитот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Брат му во тоа време беше пекарски помошник и не пиеше. Не пиеше ни подоцна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во ЗЕРО долго време бев најмладиот сликар и благодарен сум им на толеранцијата на постарите членови кои, знаеме, сé уште се активни до денес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Животот во Битола си течеше нормално, времето беше топло, летото беше на прагот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Освен оној што беше воедно и почеток на легендата, на неговото стапување во историјата, што не си го постави како цел за себе...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мене се разбрануваа спомените! Неговото време беше влеано во дел од мојот живот, од моите дипломатски години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука беше патерналистичка Франција, под која долго време беше Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Блиските од семејството му носеа храна, го потсетуваа кој ден и кое време беше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бојана се разликуваше од останатите вработени по тоа што беше во директно сродство со стар пријател на генералот Стојан кој во исто време беше и висока политичко – воена фигура.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И едно време беше активен во партијата на прогресивците, ако добро паметам.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Времето беше неподносливо жешко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем, на него немаше одговор дури ни сега, затоа што малубројните раштркани преживеани луѓе од старите времиња беа неспособни да ја споредат едната ера со другата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа ја носеше неговата малечка сестра - или можеби тоа беше само свиок од ќебиња, не беше сигурен дали сестра му во тоа време беше веќе родена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цело време бев покрај тебе. ќе дотечеше една инфузија, го сопирав регулаторчето и ќе ти ја ставев другата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Толку време беше во болница никогаш не ми побара такво нешто.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А она што најмногу ме погоди, беше тоа што сфатив дека ме сакаш и многу ти значам, иако во последно време беше некако груб со мене, како да имаше некоја пречка меѓу нас двајцата, како да имаше поставено некој невидлив ѕид, па не можев да допрам до тебе, не дозволуваше да те жалам. да те тешам, да те прашувам како ти е.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
За време на целиот мојот престој времето беше многу пријатно и воопшто не врнеше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сосема сам. (Во тоа време беше генералниот штрајк на градската хигиена, па улиците беа полни со ѓубре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
 8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа што и законски ќе се ослободи од Марија, беше во ред. И крајно време беше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, во исто време беше свесен дека не може да се снајде во целата таа ситуација.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се најде со некои познати прилепчани и дојде до управата на тамошната гимназија, која во тоа време беше сосема малку посетена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа време беше фатила општа епидеммја по децата во селото и многу од нив изумреа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но изгледа дека и поп Јаковиот господ по тоа време беше некаде далеку, та ни капка дожд не капна цела недела.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Козите, како и за многу други мајки, во тие времиња беа сметани не само за спасителки на луѓето туку и за вистински светици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа си посакуваше да се вратат преку грани­цата, блиску до своите, во нивната куќа, во нејзината гради­на, речиси видливи од оваа страна, кога времето беше уба­во и јасно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка долго време беше потресена од настанот со сликата на Сталин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Времето беше совршено јасно...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Најпрвин треба да ви објаснам дека тој има посебна слабост за секакви технички дрангулии, и во тоа време беше луд по грамофони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само што си го беше купил својот прв грамофон и таков наивен каков што си го дал господ, сè му поверувал на продавачот - посебно, дека грамофонот можел да го репродуцира секој звук, Хај-Фај, демек. 114 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тоа време бев сценарист, а кога ќе го напишев сценариото, ја преземав ликовната преработка на филмот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тој период, некаде околу 1935-та г., публиката можеше да прими многу повеќе, филмовите од тоа време беа полни со фантазија, и човек не мораше да води многу сметка за логиката и вистинитоста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
” Во тоа време бев сосема задоволен пишувајќи сценарија и работејќи на сценографијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Пријателите... јас... некое време бев отсутен.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се чувствуваше како да е ставен во улога на прегнато говедо и, бидејќи немоќен на тоа а му се спротивстави, цело време беше тажен и со чувство дека е полеан со помија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го вратија дури по две недели, не се сеќавам, ама тоа време беше доволно целата работа да се забошоти“, рече дедо Најдо завршувајќи ја својата прикаска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Впрочем кусото време беше влогот за успех.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сврделот за цело време беше некоја клечка во Комитетот, но Комитетот нему му беше заштитниот знак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бурни времиња беа тие, рече. Тогаш, рече, ни злосторствата не се докажуваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Застана за миг зашто и времето беше застанато, смрзнато на својот пат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Татко, откако го погледна часовникот, виде колку време беше поминал во домот на Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Времињата беа тешки. Неизвесни. Пред расплет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Би свадба, доби, и времето беше приближило да си одат штрковите на својот вилает.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По малку време беше се собрале сите куќни луѓе и дури некои од комшиите и курдисале муабети да го прашаат Силјана. – "Е, Силјане, како е татко ти Божин со здравјето?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сум бричел по тројца одеднаш. Сум бил познат по тоа. Други времиња беа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Пуштиле такви бради, што само колец може да ја оправи работата.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тој град Куманово у то време беше п`лн сас прашина, комарци, Турци и бесни кучиња.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Добро, бев упатен во тие потраги, но тие беа нејзин труд а јас можев да ја придружувам, и тоа само во фантазијата потајно, и негде скраја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А сето време бев ангажиран со помислата дека Непознатиот го познавам, и дека се наоѓа негде овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев збунет. Другите времиња беа нејзина опсесија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаете, станува збор за многу слично чувство на она: зборот ми е на врвот на јазикот а никако да го погодам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зашто тоа време беше турско време и никој што е пријател ноќе не доаѓаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му велиш: „Откако ја изнесе печката во тремот, некој топол ветар шета околу нашата куќа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тоа време беа потполно без пари.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Застанав пред неа како пред светилиште, заборавив на времето зошто на оваа слика времето беше одамна застанато.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На белото платно насликан мост, на едниот крај луѓе со спокојство во очите и блажени насмевки, а на другата страна се беше темно, модро небо, уморни погледи, скаменети насмевки, замрзнати солзи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас сум Наталија, вели, колку време бевте под истрага? Многу, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што знам: времето беше привсенето од облаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другиот ден дојде градежна механизација - четири булдожери - и просторот за кусо време беше срамнет.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Премолчаните зборови во тие времиња беа вистинските цветови на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Обајцата веруваа во единствената филозофија оти во мрачни времиња беше најбитно да се зачува главата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А и турско време беше, старите си кажуваа работи што ние децата не смеевме да ги чуеме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Просторијата од време беше празна; дојденците тука на Света Петка си ги врзуваа коњите и магарињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со чудење и недоумение го гледаа луѓето зашто во тоа време беше доволно книга да се види – па да биде чудно, а камо ли некој да се вдаде да ја чита.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Времето беше како џам, а воздухот крцкав.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потоа го ставаше долапот над пламенот, со вршката ќе го потпреше во дупчето во ѕидот што за таа работа со време беше отворено, со левата рака го придржуваше долапот од оваа страна на огнот и со десната го вртеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Само еднаш се растопи и колку една недела времето беше суво и сончево, ама потоа пак почна да врне, да наклава снег такашто кога ќе престанеше снегот наместо да се топи подмрзнуваше и по некој ден пак ќе принапластеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Елените и срните за нас во тоа време беа нешто како кравите во Индија.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сезан (Cezanne) во тоа време беше голем човек.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во тие денови во селото за подолго време беше заседната и една од првите македонски авто единици, формирана од задленети бугарски и германски камиони.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
СУЛТАНА: Штом ти така велиш. (Пауза) Едно време беше учителче. Сега си станал голема ѕверка.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во тоа време бевте дете, но човек на ваши прашања мора да има подготвени одговори.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ех, што времиња беа тоа, - воздивна по малку отсутно дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чесни луѓе се тие, работливи... Ех, што убави времиња беа тоа кога во старо Скопје сите се познававме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас не сакав да се мажам, рано ми беше, во такво време беше сè во некое исчекување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во тоа време бевме многу сиромашни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Единствено бабата Перса, која многу и не ги разбираше разговорите на мајките, сфаќаше што прави песот и по малку како да му завидуваше за толкавата љубов и заштита кон девојчето, но во исто време беше и задоволна, знаејќи дека Дончо никогаш не ќе може докрај да си ја покаже силата пред неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми здосади да сум “од малите”, време беше и јас некому да му се правам важна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да му велам, чекај, ќе видиш кога ќе пораснеш, лесно е додека имаш само една наставничка, сосема друга работа е кога секој час ти доаѓаат различни наставници и кога имаш по пет – шест часа на ден, а за учење, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ѝ го отвори малечкото сино кутиче од специјален порцелан, што го купи во Москва на филмски фестивал кога беше на гости кај другарка ѝ Гордана, нејзина колешка, што во тоа време беше новинар-дописник од тој град во Русија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Внатре, во кутичето, жолто блескаше мојот прстен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаев дека нештата нема да се подобрат, време беше да го напуштам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако не друго барем за целото време бев искрена со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сепак, многу кратко време бевме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)