врева (имн.) - во (предл.)

Како задолжена за неговата врева во животот, Мајка влегуваше во библиотеката без некој поголем повод, водена од грижата во нејзината потсвест, за да си го врати мажа си, од тишината, во реалниот живот, во секојдневието на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ја слушаше како оживува вревата во Татковата библиотека, Мајка беше задоволна, но и загрижена.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во француската политичка јавност постои ваков пример: Кога Ками ја добил Нобеловата награда на 10.12. 1957 година, политичарите дигнале голема врева во медиумите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Небото имаше потопла сина боја од кога било таа година и одеднаш долгата вечер исполнета со врева во Центарот, здодевните, исцрпувачки игри, предавањата, врескавото другарство подмачкано со џин, му се сторија неподносливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На масата лево од Винстон, малку зад неговиот грб, некој зборуваше брзо и непрекинато, остро пљампање речиси исто како гакање на пајка, кое се пробиваше низ општата врева во просторијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ни шаренилото по улиците. Ни вревата во кафеаните.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа гледа во тревата под багремите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Старицата не ја интересира вревата во дворот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Вревата во предавалната уште повеќе се зголеми, при што госпоѓа Мариела силно удри со тупаница на масата и свика: „Тишина! Продолжуваме со предавањето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прва песничка за наизуст кажување ни беше: Добро утро, Цуцуле, Што е врева во село?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Една вечер кога ќе стивне вревата во каушот, ќе ја испушти крвта. Или нешто поубаво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ајде, што е врева во горната маала, леле, Што е врева во горнана, леле, маала!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но сето тоа крена толку силна врева во Европската заедница, па сигурно овие вести допреа и до Македонија, така што не би имала посебно што да додадам друго можеби освен мислата која постојано ми минува низ глава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Често пати не го ни дочекуваа Дончо, со вревата во ушите од другите Егејци исто така наседнати пред влезовите на дрвени столчиња, бегаа внатре и се предаваа на заморот и сонот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Авенијата беше пуста. Ја немаше вообичаената врева во ова време на утрото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Преку вревата во бифето, која се истура на масата дотаму што и чашите не се слушаат кога се судираат, сакаш да разбереш нешто повеќе за својата нова познајничка - која е, како се вика, што работи?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вревата во големите градови речиси ме полудува. Прави панично да трчам по улиците барајќи го мирот во некое скриено ќоше за кое знаат само уличните кучиња, бездомниците и најочајните наркомани.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Потоа, во вид на далечен татнеж до мене допре вревата во која живее центарот на градот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ќе стивне и вревата во училниците и ходникот што често нервираше...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)