врвица (имн.) - кон (предл.)

Веруваше дека брановите ја пренесуваат вистината до прагот на нивниот дом, тоа парче од славниот пат Виа Егнација, од таа можна врвица кон Атлантида.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Без интерес гледаше: по модрата врвица кон девојката се движеа тројца - јако момчиште и двајца кепеци.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Секоја Татко­ва книга во библиотеката, вклучувајќи ги тука светите кни­ги, посебно Библијата, Куранот и Талмудот, за кои најмно­гу се грижеше Мајка, означуваше некаква врвица кон го­лемиот излез, кон спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И што тогаш, и што тогаш? Вотни си ја главата во земјата и пробивај ја врвицата кон неговата гибел.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)