врв (имн.) - од (предл.)

Откако ќе се минеше дрвениот убавец, пред нас се покажуваше вистински бел дворец, на врвовите од предниот истурен дел, небаре бранет од редица статуи – каријатиди со човечка става, а крај нив камени маски со семожни изрази.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Врвовите од гранките од дабјето, зелени и тврди, се пикаа во покривот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги гледа прибрани, исчешлани и облечени за постудено време, како облечени и да спиеле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На врвот од веселбата Јехуда и Алегра ги креваат заедно со столиците на кои седат и - во ритамот на веселата музика во која се извива звукот на гарнетата што младоженците толку многу го сакаат, сеќавајќи се на нивниот прв заеднички Пурим - ги носат над своите глави, како цар и царица на свадбената свеченост што продолжува...  И никогаш не прекинува да трае.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа го погледнува: „О, колку си убава, о колку заносна, љубена моја со твојата убавина”19.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„За каде?“ - прашува Самуел, научен на аптекарска точност и претпазливост. „За долг пат“, му одговараат неодредено.  Дури тогаш фрла поглед кон врвот од скалите и ги забележува жена си и двете ќерки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Црквичето оддалеку ни личи на камен варосан и закачен на врвот од брегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прислужникот чичко Петре го боцка со врвот од опинокот и ми с’ска; „Мавни се!“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Садие пред малку донесе... Уште помилозливо, помеко говори жената. Поштарот зафаќа со врвот од лажичката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сонцето веќе се стркала над Чукарот, високиот гол врв од западната страна на Гогов Валог, а старецот и Бојан уште беа на ливадите. Косеа и ја превртуваа тревата да се суши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш се сврти кон улицата и малку наведнат, со рацете во џебовите, почна да ги составува врвовите од кондурите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја погали, со треперлива рака, Руса по лицето и дури откако ја прекрсти со врвот од ножот што го сокриваше во ракавот на левата, од долниот раб на нејзиното лево око преку усните, меки и набабрени, до коренот на брадата направи секотина; веднаш потоа направи уште една таква на другиот образ и на истото место.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подзапре малку и чистејќи ги ноктите со врвот од перцето неочекувано праша: - А јас да сум Херкул и да го навртам Вардар кон училницава, ќе ја исчистам ли, придавки?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И потем кажа: со врвовите од прстите поминал по записот-клопче; и не прочитал ништо ново; во центарот на клопчето, во средето на преѓата ја прочитал буквата Ж, во жена престорена, насликана од незнајниот сочинител на таа одаја; лево од неа го прочитал записот познат: Јас, царот Соломон, велам: Чашо моја, чашо моја, пророкувај додека има ѕвезди.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем сѐ се случи многу брзо: експресот се појави зад кривината со страшно трубење; машиновозачот беше притиснал на сирената, затоа што јас стоев на пругата, а Јан Лудвик, расчекорен на самиот врв од мостот, со раскопчани панталони, со фалусот во рака; јас потрчав десно од мостот и се стркалав по насипот; се сопрев дури пред реката, во една грмушка; локомотивата протатне под Јан и веќе влегуваше во тунелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеш ли да се искачуваш погоре, ако веќе те ставил некој на врвот од планината?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во средето на светот столб златен видов, столб што се извишува во висина на човек, во резби раскошни, од рака нечовечка сочинети, со какви што ниеден свешник на лицето на земјата не е украсен; и на врвот од столбот – плоча златна, четириаголна; и на неа – Книга во папокот на светот, чаша со питие небесно, Слово Господово!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја вртиме последната кривина и одеднаш се најдовме на врвот од ридот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Кога си вљубен водиш љубов“, рече таа полека спуштајќи се на седиштето тврдо како камен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нешто држеше во раката - тенок пакет, завиткан со пластика. шушкаше додека приоаѓаше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ уште беше во кимоно, но косата ѝ беше поостро подигната, цврсто склопчана на врвот од главата, како да се подготвила за бој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Полека го вртеше пердувот низ прстите, не ни забележувајќи дека си ги замачкал со мастилото кое веќе се имаше засушено на наострениот врв од пердувот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како што милувате: Оставка на еден карипски министер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв од највисоката власт (1975),
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Доколку зрнца песок се испуштаат врз врвот од една песочна купа системот може да пројави три различни типа на поведение: подкритично, критично и надкритично.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа беа врвовите од крошните на највисоките буки, со кои беше обрастена сета таа угорница, која тој требаше да ја искачува целиот иден ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа проникнуваше во крвта и залазуваше како пријатен скокот во носниците, тилот и врвот од прстите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долгиот запре, чкрапна кибрит и тенко жолто пламенче затрепери плашливо на врвот од дебелата лоена свеќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама, гравот е знак дека и во твојата куќа заиграла „варјача”, дека си врв од домаќинка и дека, во зависност од тоа како си го зготвила, така и ќе ти помине остатокот од денот до замрачување, а богами и ноќта!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги отворам очите и гледам: над врвот од буките се наведнало сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Над врвот од букиве е сѐ запалено, илјадници кандила, од илјадници души си светат. Си намигнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Григор го испушта врвот од конецот и станува, го гази.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа оди напред, а јас мислам дека цела земја оди по неа. Погледот ѝ паѓа пред врвот од чевлињата. Им прави место на чекорите, на стапалките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Јоше Свирачот се качувал, до сам врв од тополата се качувал, а татко играл долу, околу тополата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понекогаш, толку многу се раскрцува, што се чини секој момент ќе се распадне. И тоа токму кога е на врвот од рингишпилот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа за човека може да биде и природна, но може да ги има и сите обележја на болест од која ние само инцидентно ќе можеме да се излекуваме, но во процес на внатрешно зреење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во таква состојба ќе се најде кралот Шарл Кине, кога на врвот од својата слава ќе абдицира во Брисел, за да предизвика восхит за покажаната храброст.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој стоеше гледајќи како инструкторката ги крева рацете над главата - не можеше да се каже грациозно, но затоа забележливо прецизно и ефикасно - и како се наведнува и ги протнува врвовите од прстите на рацете под палците на нозете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека минуваше низ вратата на клозетот, тој го спушти во џебот и го испипка со врвовите од прстите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Кога ти си бил млад, ние сме живееле на врвовите од дрвјата“, рече барменот, погледнувајќи во другите муштерии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А во една мала продавничка со прибор за пишување, недалеку од тука, ја купи перодршката и шишенцето со мастило. На врвот од скалите застана малку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со врвот од прстот тој крена едно распознатливо зрнце од белузлав прав и го стави на аголот од корицата, каде што мораше да биде истресено ако тетратката биде подмрдната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја осетив таа сладост на усните и на врвот од јазикот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Шерифот изнајми хеликоптер и се качи на врвот од водената кула и оттаму нѐ набљудуваше со двоглед.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Влетувањето на Чана во просторијата ја раздува мислата од нејзината глава, продолжението на она дека нашето е во нас, односно она што сме поминале дотука дека останува само и единствено во нас и секогаш кога ќе го разбудиме, кога ќе го боцнеме со врвот од копралата тоа џвргнува на сите страни, те замелушува, ти ги одзема сетилата, те заслепува и тогаш не знаеш ни што правиш ни каде си, ни кој си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не ѝ се препуштил на „отоманско-турската” врска која му ветувала искачување на врвовите од хиерархијата на власта на спасителот и на таткото на нова Турција Мустафа Ќемал-Ататурк.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На врвот од иконостасот голем крст на кој е распнат Исус Христос, а под него две ламји - симбол на победата на доброто над злото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најмногу душата му се собираше кога делкаше воденички камења; со денови вртеше околу карпата од која требаше да се издвои поголем камен од кој требаше да се изделка воденички камен: ја набљудуваше карпата, секоја нејзина жилка ја проучуваше: од каде трга и каде оди, каде се разгранува, слично на ботаничарот што ги проучува жилките на растенијата, како дрварот што го проучува дрвото од која страна да почне да го цепи; го проучуваше до каде оди цврстиот дел на каменот, а од каде почнува болниот; го обележуваше со креда, со керамитка, со врвот од глетото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На високиот врв од една голема и висока бука, стоеше горски гулаб и гукаше: - Гугу-гу-гугу! Гугу-гу-гугу! Високо на небото леташе, се вишеше и чуруликаше чучулигата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Така, со време, заробени во волшепството на Новиот свет, двете половини заборавија на закажаниот повраток на врвот од триаголникот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Им кажува нешто но само тие да го слушнат а тие како да го разбрале легнуваат на грб и се грвалаат по правта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На лулето остануваа влажни траги од неговата челуст -впивајќи ги на врвовите од прстите, тој во себе внесуваше нежност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Обично бабите од населба си пиеја кафе една кај друга, но бабите на Дора и Ане само љубезно си велеа „добар ден“ или „добро утро“ кога врвот од главите ќе им се ѕирнеше од зад живата ограда што ги делеше нивните дворови додека ги простираа чергите или ги полеваа цвеќињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Всушност, на врвот од една бандера мижурка гола светилка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гребам и си дувам во врвот од прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние се тутулиме и си го гледаме врвот од чевлите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се нишаат врвовите од грмушките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По ручекот ги вадиме фанелите, кошулите и ги држиме на врвот од огнот — ги гориме вошките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се испењаме така, молченката, се поттурнуваме со врвот од прстите, се зачекуваме со лактите, се драскаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти слегува дури до петиците, до врвот од ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го досегам врвот од цевките, мушицата, чкрапецот, кундакот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земи ја розата, Цветот како исплетена боја - издлабена во здивот и плачот на дождот како висока градина - - изговорена на врвот од ѕвоното како последниот сон на ангелот воден по бездната на утрото.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
(Пауза) Не наседнувај, Матеј. Полукав сум одошто изгледам. Јас сум само врвот од сантата. Што има под него?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Со врвот од моливот длабеше дупки во дрвото од клупата и нервозно грицкаше праменче од косата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ама Тодора - удри со врвот од јајцето, удри со газерот, и туку ја сети прелагата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Капетанот го крена својот капетански двоглед, ја догледа уморната птица на врвот од јарболот, а под строгите веѓи лицето за час му се озрачи со топла насмевка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)