врв (имн.) - јазик (имн.)

Неколкупати ми дојде на врв јазик да му речам дека постојано го мислам мојот редок гостин, кој како подарокот тебе (најскапото) ми те остави; дека заспивам и се будам мислејќи на него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но знај, синко, ти си виновникот заради ваквата моја несоница; ако те немав тебе, ќе се потрудев да го заборавам и него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Баш туа, ете тучки, на врв јазик ми е...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На почетокот беше Зборот, а зборот пустиот секогаш на врв јазик.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како е бре?... Тфу, на врв јазик ми е, ете, тучки, баш тучки... - таа покажа на јазикот со валканиот прст.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Значи лошо, а? - дофрли некој, а таа веднаш го прекина: - Да, така значи и... ете, туа, баш туа на врв јазик ми е тој збор шо го кажа другаро Захаријади... и шо, мене не ми текнува така брзо, значи дека е некој гопем збор, а големи, зборои можат да кажват само големи људје и тоа такви како нашио водач Захаријади.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стежнува тишината во филџанот кафе – на врв јазик џишкаат неповиканите сеќавања.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)