врв (имн.) - рид (имн.)

Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На врв рид два камиона стоеја скраја од патот. Шоферите се вртеа околу нив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пребледе, посиве небото. Беловина се појави на врв рид што вишнее отаде шума. Врз дрвената нога капки роса.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пак угорнина над која ниско висат облаци со боја на олово.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Оние во шарените куќички под огромниот крст на врв рид и утринава пијат дождовница од сопствените солзи - штоако се утрински, песните им се некако синкастобели, како облаците над Андите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Оние во шарените куќички под огромниот крст на врв рид си веруваат ли, веруваат дека некоја заскитана пеперутка од Андите само што не им слетала на левото рамо да им донесе троа среќа, не мора една вреќа ами сал троа среќа, а најсреќни се, се разбрира, тие кои уште од раѓање ќе си се вгнездат во некој убав сон и ним им заблазнуваат сите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)