Тоа што го гледате, а не го слушате, качено на врв планина, отспротива, тоа е мојата сенка. Мојата душа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Многупати бевме пишувани во тефтери и нас не само што не имаа забележано со име и презиме и место на раѓање, туку и со број на дадени овци и кози, коњи, телиња, волови, крави, кокошки, покривачи, веленциња, чорапи, фанели, столови, лажици, ножеви и виљушки, денови поминати на копање ровови и градење бункери, носење камења и трупци на врв планина, пренесени ранети, одземени чеда големи и мали, загинати и ранети, живи и сакати.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Други, мајстори и абаџии, кроеле. така направиле мајчините голема гајда и ја качиле на врв планина.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Заплака со лелек, плач и липтеж на мајка којa изгуби дете и свиреж - извик извишува до врв планина, изговара се што в душа се крие, се стишува, трепери во воздухот и стивнат легнува врз меката трева...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)