врв (имн.) - бев (гл.)

А на горниот крај, на десната страна, беше пцалтирницата во која се држеа неколку книги, а на чиј врв беа поставени две штици пирамида на оска на која можеш да поставиш четири отворени книги и да го завртиш така што да можеш да ја читаш која сакаш од книгите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Врвот беше чист, но не беа чисти Македонците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Земете ги како пример големите саеми што постоеја во Европа уште во 13 век: на нивниот врв беа пазарите со пари, па потоа пазарите на луксузна роба, а на дното ја наоѓаме храната и другите основни производи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Изворот беше посаден на падините на блиската планина, чии врвови беа речиси постојано во снег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)