враќање (имн.) - дома (прил.)

Излегуваше дека нејзината одлука да остане подолго во Долнец, го засилува фактот што нема некој силен мотив да брза со враќање дома, во градот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Утринава зготвив телешка чорба,“ рече мајка кога го пречекоривме прагот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стана напрегната и некако деловна, се облече, ја врза црвената шамија околу половината и почна да се занимава со деталите на враќањето дома.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По завршувањето на војната, по враќањето дома, искривената вилица Темелко ја исправи со дување во гајдата, со често свирење радосен што се врати жив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Додека се враќавме со мајка кон нашиот дом, се сетив на оние години од раснењето, кога се имав отуѓено од Зигмунд, и кога од дома излегував само со неа – чекоревме една покрај друга до пазарот, или до продавницата на татко, и нешто во ова наше враќање дома ме потсети на тие наши прошетки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Спроводниците од началството настојуваа што побргу колоната да тргне; жените одеа по колоната, заграбуваа вода од езерото и стркаа по нив за живо-здраво враќање дома, зашто знаеја: по секоја војна, во селото црни шамии се носеа и се раѓаа посмртчиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)