врата (имн.) - без (предл.)

Навтапито ги прескокна скалилата, влегоа низ вратата без чукање или ѕвонење и ја затекоа идната снаа облечена а разбушавена, расплакана и уплашена, како мемоли нешто што не можеше да се разбере.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И врати секогаш затворени. Врати без клучеви и брави.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Лудилото е точка што трча а стои.“ „Лудилото е врата без квака.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Лудило е кога гледаш дека нешто е зелено, а сите те уверуваат дека е црвено.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ти роднина ли си ѝ? Не ѝ одговорив; ја заобиколив и ја отворив вратата без да тропнам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)