врата (имн.) - стои (гл.)

Пред влез­ната врата стои натписот со познатиот цитат на Маркс: „Религијата е опиум на народот.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„А бре, дете, за кабловска вака одат на врата“, ѝ шепкам додека ѕиркам низ шпионката, а пред врата стои маж и се клати напред-назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На вратата стоеше кондуктерот. Ме праша дали знам како завршил денешниот натпревар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вратата се отвора. На вратата стои Младен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Пред вратата стоеше важно напернат курирот што ги пушти внатре, по години не постар од Мечета.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
До вратата стоеше неговото срнче, со подигнато замечтаено главче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
МАРИЈА: Ништо ти мене не можеш да ми објасниш и да сакаш. (Тропање на вратата. Марија отвора. На вратата стои попот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Одејќи така стигнаа и до последниот вагон од кој Чана и Добра ја симнуваа бабата Петра, а горе, во дупката од вратата стоеја нејзините внучиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се упати кон лифтот, но на вратата стоеше залепен лист: НЕ РАБОТИ. Застенка и тргна надолу по скалите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На едната е напишано: „Продавница: ДАЈ - НА!“, а на другата врата стои: „ЗЕМАМ - ЗЕМАШ“.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На вратата стоеше сув и висок старец со бела коса под шапката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Речиси пред секоја врата стоеја по неколку картонски кутии, па службениците со посебна сосредоточеност ги средуваа списите и документите растурени по собите и низ ходникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)