вработи (имн.) - без (предл.)

Во случаите определени со закон, дого- ворните страни можат да го откажат договорот за вработување без отказен рок [на пример, при потешка дисциплинска повреда].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Приговорот против одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок или одлуката за отстранување од кај работодавачот, не ја задржува од извршување одлуката за отказ, односно писмениот налог (чл. 91, ЗРО). 5.  Второстепениот суд донесува одлука по жалба најдоцна во рок 108 од три месеци, а во посложените предмети во рок од шест месеци од денот на приемот на предметот во работа (чл. 355-а, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)