врабец (имн.) - се (зам.)

Квечерината, додека претураше по белешките, виде како неколку врапци се распоредија на телефонските жици како ноти на петолинието.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ех, бе, Кико, ич не ме прашувај и мене како се бега од историјата и како се прави помфри од норвешка сорта компири во рестораните на „Мек Доналдс“ среде Москва додека изгладнетата филхармонија на врапците се подготвува да ти го отсвири Вториот концерт на Рахмањинов.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)