војска (имн.) - ќе (чест.)

Набрзина пресмета дека неговото враќање од војска ќе се совпадне со враќањето на Рада, а можеби е веќе и вратена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Манастирскиот поп, малоумниот отец Софроние, тешко се снаоѓаше: камилавката му беше издупчена, ту од кокарда, ту од петокрака како веќе која војска ќе влезеше во широкиот ограден двор.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Манастирскиот поп, малоумниот отец Софроние, тешко се снаоѓаше: камилавката му беше издупчена, ту од кокарда, ту од петокрака, како веќе која војска ќе влезеше во широкиот ограден двор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бојот ќе траеше неколку дена, а потоа, ноќе, откако ќе испоубиеја многу турски војници, бунтовниците се повлекуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
50. Сегашниот политички опит да беше бил кај Бугарите понапред, ќе се пристапеше прво кон разделувањето на сферите за влијанието во Македонија меѓу Србите и Бугарите, а после, во време на востанието, српските и бугарските војски ќе навлезеа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но штом војската ќе излезеше од шумата, или штом ќе се завкачеше по острите падини на врвот, од тополечка страна или од кај страната на Битолско Џаде, веднаш бидуваше косена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Студ од коските ќе ви се цеди, туѓите војски ќе ги гледате како живи созданија без душа. На ништо нема да се сеќавате.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Но кој можеше да замисли дека оваа војска ќе заврши за неколку години во братоубиствено урнување на земјата (со стотици илјади убиени невини луѓе, со милиони обездомени) која требаше наскоро да ја претставувам и за која како да бевме во еден вид жртвувана патрола.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)