војска (имн.) - го (зам.)

Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
11. Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот — по колиби трла — како што правеше минатите години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе ги собра другарите, го јавна коњот и на очиглед на целата војска го бодна преку страна над село, а бимбашијата сам прв тргна со една од пушките на војниците; беше прилично оддалечен — не го погоди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој изналегна во гробиштата крај црквичето, а Толе продолжи нагоре, горе долот, убеден дека и сега лесно му се слизна од раце па бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
___ 21 Движењето на отпорот кое непосредно по капитулацијата на Кралската југословенска војска го организирал полковникот Дража Михајловиќ во почетокот се состоело од мала група офицери, подофицери и војници на кралската југословенска војска, исклучиво Срби, кои одбиле да се предадат на Германците во средината на април во реонот на Добој во северна Босна.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Им кажа дека манастирот имал и постари вина, но кога дошла австриската војска го испила.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кој каде се нашол, таму и останал, оти војската го забранила движењето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И војските го повратија Костур назад, влегоа во Албанија. Падна и Корча.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но еден ден одненадеж, бугарската војска го опколи училиштето и почна да пука; фати заслон зад камената ограда и го опсипа училиштето со оган.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)