војска (имн.) - ги (зам.)

И денеска на ќошот од Влашкиот ан на средсело се познаваат натписите: Лудвигштрасе, Вилхелмштрасе итн., останати од Првата светска војна, кога германските окупациони војски ги преименуваа улиците и ги нумерираа куќите за своја сметка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Двете војски ги делеше самиот врв — „цуцката" — тако што ја викаат селаните.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оти фронт е, војна. Војска ги има затнато сите патишта натаму. Секаде по сртот е топ до топ.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Грците успеале да го заземат Епир и дел од Македонија со Солун и островот Крит.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бугарската војска ги потиснала Османлиите и стигнала до Цариград, единствено Едрене останало неосвоено.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По двомесечна опсада здружената полска и австриска војска ги поразила Турците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Што дека во војната, кога војската ги испусти лозјата и немаше ни вино ни ракија, се правеше со боза! не женеа?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А каде е сега? Каде се луѓето? Изумреле, болести ги сотреле, туѓи војски ги искасапиле...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ете, така ни било пишано. Туѓине војски ги сосекле нашите на Беласица.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
За неговите синови и внуци, најинтересен беше делот од прикаската кога австро-унгарската војска ги повикала граѓаните на окупираното гратче Поградец да ја обележат границата со јажиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога зазори, кралската војска ги собра сите кои останаа живи - заробеници и ранети и ги викнаа сите жители на Лерин за да ги видат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А таму, не знам колку илјади владина војска ги чекаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)