војна (имн.) - бев (гл.)

А брановите на војната беа исфрлиле Ноеви ковчези на многубројни спасени семејства од сите страни на Балканот, и од подалеку.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Башевски, меѓутоа, оди и натаму, така што античкиот мит за наследениот грев го комбинира со иронизирањето на идејата која во текот на југословенските војни беше поттикната од политичкиот концепт според кој традицијата, историјата и потеклото, се клучните компоненти без кои, наводно, не е можно да се доврши личната, ниту националната индивидуација.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
-Војни беа тогаш, велеше Еца во Будимпешта.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Врисокот на мајка ми што ме разбуди, неколку дена по нејзиното враќање од Загреб.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
-Војни беа тогаш, велеше Софија во Скопје.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јагнињата одамна стивнаа. Сѐ уште не ми е избледено сеќавањето на тоа мајско утро `95 година.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меѓутоа, крајот на војната беше катастрофален по Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Поголемиот дел од нив беа принудени да заминат и најдат прибежиште во земјите од Источна Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Навистина ја излажа (нејзе ја подлажа, а себеси се пофали) кога ѝ рече дека и самиот бил таков на нагови години, зашто татко му беше строг и секогаш бараше да му се кажува каде се движи, со кого се дружи и зошто задоцнува; а и режимот на животот по војната беше таков што градот рано потонуваше во мрак и немаше ноќни локали, освен одбивното бифе на железничката станица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Х.Х. не ги коментира моите зборови, но сепак про­дол­жи: - Вашата стара трошна куќа по војната беше силно зацврстена! - Првин одземена?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Професорите од жолтата гимназија, луѓе сиви и без разбирање за сиот живот околу себе, и жителите на безизлезната улица, ситни во своите страсти за кои најголем настан по некоја светска војна беше апсењето на стариот Адам, не ми беа разбирливи, во нив не го видов она што е спротивно на злото иако многуте не беа зли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но дозволете да довршам. Големото поле што е зад нас, под патот и се шири на исток и југ се до падините на планините, пред војната беше сопственост на еден бег, чие име сега не ми текнува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообразам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистинската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осакатени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така во бележникот запишав дека од селото во граѓанската војна беа од: Аитос, мобилизирани 132, загинаа 39, Бесфина, мобилизирани 96, загинаа 25, Бапчор, мобилизирани 180, загинаа 62 Тиолишта, мобилизирани 55, загинаа 20 Мокрени, мобилизирани 188, загинаа 75, Кономлади, мобилизирани 367, загинаа 69, Добролишта, мобилизирани 53, загинаа 20, Езерец, мобилизирани 34, загинаа 12 Крчишта, мобилизирани 43 загинаа 29, В`мбел, мобилизирани 105, загинаа 19 Граче, мобилизирани 66, загинаа 38 Граждено, мобилизирани 46, загинаа 21 Загоричани, мобилизирани 87 загинаа 62 Герман, мобилизирани 288, загинаа 92 Нестрам, мобилизирани 127, загинаа 60 Статица, мобилизирани 185, загинаа 53 Сетина, мобилизирани 160, загинаа 65 Ошчима, мобилизирани 87, загинаа 26 Зеленич, мобилизирани 95, загинаа 23 Добролишча, мобилизирани 51, загинаа 20 Брешчени мобилизирани 41, загинаа 13 Косинец, мобилизирани 66, загинаа 22 Шештево, мобилизирани 87, загинаа 20 Старичени, мобилизирани 30,загинаа 12 Жужелце, мобилизирани 33, загинаа 11 Черешница, мобилизирани 54, загинаа 13 Новоселени, мобилизирани 32, загинаа 15 Крушоради, мобилизирани 62, загина 36 Дреновени, мобилизирани 42,загинаа 9 Руља, мобилизирани 125, загинаа 36.....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа зима се погоди многу лоша, Дали дека војната беше лоша и зимата стана лоша. Знаеш, едно зло на друго се калеми, се врзува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакаше да оди кај дедо ѝ Серафим - братот на дедо ѝ Стојмен кој уште пред војната беше дошол во Банат да бере пченка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Се извинувам, но дали е тоа она исто село кое по војната беше населено со голем број македонски колонисти?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И понатаму: Нашите балкански, двете светски војни беа јаничарски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во таа османска тврдина во која почиваше османското време, во нејзината утроба во која пред Втората светска војна беа изградени скривалишта, се саможртвуваа козите спасителски заедно со нивниот наткозар Чанга, Татков пријател од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А и во идниот век сигурно ќе продолжи создавањето на јаничарски војни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нашите балкански, двете светски војни беа јаничарски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А и Татковата душа во тие балкански години по војната беше минала низ сито и решето, од проверки, денунции, минување граници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Приближно од тоа време, војната беше буквално постојана иако, попрецизно кажано, тоа не беше секогаш истата војна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не беше во прашање само можноста да се загуби централна Африка: за првпат во текот на целата војна беше загрозена територијата и на самата Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во минатото, исто така, војната беше еден од главните инструменти со кои човечките општества одржуваа контакт со физичката стварност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Втората светска војна беше прилично различна од Првата светска војна, која географски беше ограничена на Европа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
—Заливската војна беше прва војна во “директен пренос”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Втората светска војна беше светска просторно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
—Заливската војна беше толку несфатлива затоа што сѐ беше поместено.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Татко ми уште од пред војната беше работник кај дедо му на Хелвиг. Во фабриката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Војна беше, мили мои. Да даде Бог никогаш да не се соочите со војна. Вие, постарите, малку ја видовте, ама не ја почувствувавте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние весело се насмеавме... – Не е за смеа, не е за смеа, мили мои, војна беше, како да се земе! Војна на нашата земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По војната беше една од врвните личности во градската и обласната владеечка елита, со популарност кај луѓето со каква што никој друг ни оддалеку не можеше да се пофали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„...Пандо, како што ти кажав, до војната беше кмет во селото, ама пошто после времињата се избуричкаа друг за кмет не се изгласа, остана на Панда нам на брезничани да ни биде кмет сѐ до доаѓањето на партизаните.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сѐ што живееше имаше своја судбина и требаше да живее, а војна беше и животот беше поевтин од неколку грама олово.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војната беше загубена. Се струполи во фотелјата и тешко воздивна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Според нив, „сите ‘федералисти’ во владата и ‘армијата’ на Михаиловиќ се согласуваат дека Југославија треба да ја задржи династијата Караѓорѓевиќ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Приврзаниците на оваа школа потекнуваат од различни таботи: некои од нив пред војната беа федералисти (на пример, Земјоделската партија, додека мнозинството се состои од луѓе што својата кариера ја граделе бранејќи ги автократијата и централизмот на кралот Александар".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)