востаник (имн.) - го (зам.)

КИРО: Како говеда. (Пауза) Брате. (Умира) (Вториот востаник го оттргнува Киро од Гаврил.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Востаниците го бараа со погледот и сакаа да го видат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие за секој случај го известија битолскиот валија и за овој напад во дивото Мариово, но тој тогаш си имаше поголеми главоболии со оние востаници што ја презедоа Баница, Невеска и Смилево, a особена грижа му задаваше Крушево, откаде Никола Карев со своите четници и востаници го напади јузбашијата Сулејмана со целиот негов гарнизон и сета турска власт и ја прогласи Крушевската република.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)